| четврток, 6 декември 2018 |

Надал си призна: Веќе никаде не сум фаворит

Рафаел Надал го дочека својот момент во тенсиката сезона, период кога се игра на неговата омилена подлога, земјената, но изненади со признанието дека повеќе не е фаворит на било кој турнир и на било која површина за игра.

Во минатото шпанскиот ас беше речиси непобедлив на земја, но повредите си го сторија своето. Падот на формата е очигледен, а тоа го признава и самиот Надал.

„Дојдов во Монте Карло со мотив да прикажам подбри партии од досегашните сезонава. Веќе не сум фаворит никаде, па ни овде во Монте Карло. Играв многу полошо од ривалите и само сакам да ја подобрам формата. Добро е што веќе го нема големиот притисок“, изјави Надал.

Каква е доминацијата на шпанската фурија потврдува фактот дека тој дури 8 пати го освои турнирот од мастерс серијата во Монте Карло, еден од најпрестижните во светот на тенисот.

Кризата кај Надал се наѕираше уште лани, кога во Монте Карло со пораз од Давид Ферер во четвртфиналето ја прекина фенеоменалната низа од 83 победи.

Стартот за него на ова издание на турнирот во Монте Карло е францускиот тенисер Пулие.

Rafael-Nadal-img16449_668-640x507

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top