| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и Будуќност на бис во полуфинале во Будимпешта

Ракометарките на Вардар ќе имаат нова шанса да му се реваншираат на тимот на Будуќност за поразот во ланското полуфинале на фајналфор турнирот во Будимпешпта, откако на денешната ждрепка во Виена двата клуба се најдоа еден спроти друг подготвени за нов исцрпувачки дуел, вреден финале во Лигата на шампионите.

Во второто полуфинале ќе играат норвешки Ларвик и Динамо од Русија.

Вардар и Будуќност беа дел од премиерното издание на фајналфор турнирите што се одржа лани во Будимпешта и се единствените два состави што повторно ќе атакуваат на титулата европски првак на Ф4.

Минатата сезона во рововска битка Црногорките го елиминираа Вардар со победа од 22-20 дури по продолженијата. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 16-16, а потоа македонските шампионки го освоија третото место. Будуќност потклекна во финалниот меч со домаќинот Ѓер и не успеа да се закити со втората европска круна.

Rakomet zeni Vardar Buduknost 12 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top