| четврток, 6 декември 2018 |

Свлечиште го блокираше патот Прилеп – Ресен

svlechishteeee-2-650x396

архива

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен на обиколницата за Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Инаку, како што соопшти АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет Смрдлива Вода во Длабок Дол сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top