-Тоа што не дозволија да се реализира проектот „Јужен тек“ и што го обвинуваат Гаспром дека не бил подготвен да работи според прописите на Третиот енергетски пакет, не е вистина- рекол Милер, прв човек на енергетскиот гигант.
Милер на конференцијата рекол дека системот за дистрибуција на гас во Украина е „најслабата алка“ која во себе носи „неверојатно висок конфронтационен потенцијал“.
Како што рекол министерот за енергетика на Русија, Александар Новак, Русија со голема веројатност ќе се откаже од транзитот на гас преку Украина по 2019 година, бидејќи актуелниот договор за транзит нема да биде продолжен.
-Затоа сега сите напори се насочени кон тоа да се реализира изградба на дистрибутивна инфраструктура во Турција, на границата меѓу Турција и Грција, и да се дојде до потрошувачите во југоисточна и централна Европа преку таа маршрута- рекол Новак.
Милер истакнал дека Гаспром ќе почне со изградба на „Турскиот тек“ кога ќе ги добие сите неопходни дозволи, како и дека ќе работи во рамките на Третиот енергетски пакет за време на изградбата на инфраструктурата.
-Гаспром ќе работи строго според прописите на пазарот и Третиот енергетски пакет- рекол тој, додавајќи дека гасоводот ќе биде поставен по принцип на диверзификација на транспортните маршрути. Милер додал дека тој модел не ги намалува транзитните разлики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.