Тијана Дапчевиќ вели дека е пресреќна поради престојната свадба на нејзината девет години помала сестра Тамара Тодевска. Во интервју за српски „Хело“, Тијана открива дека датумот на свадбата веќе е закажан и потврден.
– Венчавката е закажана за 28 јуни, на Видовден – открива Тијана.
Според неа, и Тамара и нејзиниот свршеник Александар Димитровски – Мачка сакале свадбата да се случи во јуни, бидејќи и двајцата се родени во тој месец и се љубители на топлото време.
Покрај припремите за свадбата, Тијана работи и на нејзиниот нов албум, кој ќе биде објавен на есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.