| четврток, 6 декември 2018 |

Слаткар: Растен сум со социјална помош, сам успеав

slatkar (Custom)

Македонскиот рапер Марко Маринковиќ- Слаткаристика секогаш отворено зборувал за своето тешко детство. Во интервју за тв „Вис“ открива дека растел во стан од 40 квадрати, но тоа не го спречило да успее.

Растен сум од социјална помош, со тројца браќа и чекање патики по 3 години за да дојдеме на ред, али сум се потрудил во животот. За да успеам пробувам да работам, пробувам да бидам свој и да не бидам ништо друго. И јас не можам да се помирам со она што станав. Никогаш не сонував за нешто така големо – вели Слаткар.

На прашањето што мислат неговите родители за неговиот начин на живот Слаткар истакнал дека тие првин се противеле, но сега го поддржуваат. Меѓу другото, тој во интервјуто потврдил дека неговата песна „Дали да полетам“ е песна за неговиот живот.

И не само таа, 99% од песните се лично мои приказни што сум ги почувствувал, искусил или во краен случај чул – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top