Марко Маринковиќ -Слаткаристика и неговиот тим од „Иноватива груп“ денеска патуваат за Софија, Бугарија, каде што вечерва ќе се одржи концертот што беше најавен пред два месеца. Со почеток во 23.00 часот, во концертниот клуб „Микс тејп 5“, македонскиот рапер ќе има свое двочасовно шоу, а како специјален гостин ќе настапи познатиот бударски рапер Ицо Хазарта од „Апсурт“.
Слаткаристика на сцената ќе го придружуваат диџеј Оки Доки, Аце НЛ и Нико на тапани, а атмосферата ќе ја загрева уште едно познато лице од тамошната рап-сцена – Керанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.