Американскиот тенисер Џек Сок ја освои првата АТП титула во кариерата со триумф на турнирот во Хјустон. Во финалето 22-годишниот Американец со 7-6, 7-6 го победи сонародникот Сем Квери и се закити со првиот значаен трофеј во кариерата. Покрај пехарот, Сок доби и чек вреден 88.800 долари, а патем и ќе напредува на светската ранг-листа.
Во САД на женскиот турнир што се играше во Чарлстон, со круната си замина Анжелик Кербер по победата во три сета над Медисон Кијс. Германката славеше со 6-2, 4-6, 7-5, иако беше пред пораз. Во третиот сет Кијс имаше предност од 4-1, но не успеа да освои деби титула на ВТА турнирите.
Чарлстон е посебен турнир во ВТА календарот и е единственото место каде се игра тенис на земјена подлога со зелена боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



