Непознат сторител, маскиран и вооружен со нож, одзел околу 2.000 денари од аптека во Скопје, соопшти во неделата МВР. Инцидентот се случил во саботата околу 20,15 часот на ул. „Теодосиј Гологанов“ поточно во аптека „Зегин“ кога од страна на непознат сторителсо закана извршил разбојништво врз една вработена и одзел сума на пари од околу 2.000 денари по што го напуштил местото на настанот.
СВР Скопје превзема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.