Непознати сторители украле свештеничка одежда, УСБ и МП3 плеер, ноќта помеѓу четвртокот и петокот, од автомобилот на свештеникот П.Б. во тетовското село Беловиште.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информира дека свештеникот на тетовското архиерејско намесништво на Македонската православна црква Охридска архиепископија П.Б.(46) од тетовското село Беловиште пријавил во полиција дека ноќта помеѓу четвртокот и петокот засега непознати сторители му ја украле свештеничката одежда, УСБ и МП3 плеер.
Крадците ги украле работите од незаклучениот автомобил „Форд Мондео“ сопственост на свештеникот што било паркирано пред неговата куќа во селото.
Вкупната вредност на украденото, според проценките на свештеникот е околу 600 евра. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Кога овој поп ќе поведе оро, сите се крстат и тоа со причина!(видео)
-
Верниците останаа збунка: Грчки поп со тротинет влета на велигденската литургија(видео)
-
Бог не венчава џабе – најскапо е во православна црква, најевтино во католичка (ценовник)