| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен поп во тетовско Беловиште

Непознати сторители украле свештеничка одежда, УСБ и МП3 плеер, ноќта помеѓу четвртокот и петокот, од автомобилот на свештеникот П.Б. во тетовското село Беловиште.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информира дека свештеникот на тетовското архиерејско намесништво на Македонската православна црква ­ Охридска архиепископија П.Б.(46) од тетовското село Беловиште пријавил во полиција дека ноќта помеѓу четвртокот и петокот засега непознати сторители му ја украле свештеничката одежда, УСБ и МП3 плеер.

Крадците ги украле работите од незаклучениот автомобил „Форд Мондео“ сопственост на свештеникот што било паркирано пред неговата куќа во селото.

Вкупната вредност на украденото, според проценките на свештеникот е околу 600 евра. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top