Косовската претседателка,Атифете Јахјага, обединувањето на Албанците го гледа единствено во Европската унија.
Според неа влезот во ЕУ подразбира обединување не само меѓу Албанците туку и сите народи на Балканот,кои се стремат кон европската интеграција.
-Интегрирањето во ЕУ ќе го означи и обединувањето со идеата и душата на политичката и економската слобода,рамноправност и соработка меѓу сите народи , вклучувајкќи го и народот на Косово,како нераскинлив дел -изјавила Јахјага за „Данас“.
Таа искажала убеденост дека ЕУ не е целосна без членството на сите земји од регионот на Балканот, вклучувајќи го и Косово.
– Денеска живееме во време на интеграција и поради тоа европските интеграции се цели и алтернативи на сите балкански земји.Косово е независна и суверена држава и како и секоја друга држава во регионот цели кон европска интеграција и работи во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ – нагласила Јахјага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.