Германскиот Бундесвер ќе се вооружува со дополнителни 100 тенкови од типот Леопард 2, кои ќе бидат модернизирани од 2017 година, објавија германски медиуми.
Тој потег според медиумите би можел да биде реакција на украинската криза.
Станува збор за тенкови кои биле расходувани и кои за 22 милиони евра би требало да бидат откупени, а потоа модернизирани односно доведени до најново техничко ниво.
Договорено било максималниот број на Леопард 2 да биде 225 тенкови. Министерката за одбрана Усрула фон дер Лаен најави реактивирање на еден тенковски батаљон со 800 војници и 40 тенкови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.