| четврток, 6 декември 2018 |

Епидемија на ХИВ во Индијана, повеќе од 100 заразени

hiv-sida_20141129181558

Властите во американската држава Индијана соопштија дека повеќе од 100 луѓе меѓу интравенозните корисници на дрога се инфицирани со вирусот ХИВ.

До четвртокот биле регистрирани 95 потврдени случаи на зараза со тој вирус и 11 други покажале прелиминарни позитивни резултати на тест. Сите инфицирани се интравенозни наркомани кои делат игли.

Подрачјето Скот северно од Луисвил во Кентаки е жариштето на заразата во Индијана.

Гувернерот Мајк Пенс на 26 март воведе итни здравствени мерки за ограничување на поделбата на игли меѓу наркомани за да се спречи ширење на инфекцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top