Властите во американската држава Индијана соопштија дека повеќе од 100 луѓе меѓу интравенозните корисници на дрога се инфицирани со вирусот ХИВ.
До четвртокот биле регистрирани 95 потврдени случаи на зараза со тој вирус и 11 други покажале прелиминарни позитивни резултати на тест. Сите инфицирани се интравенозни наркомани кои делат игли.
Подрачјето Скот северно од Луисвил во Кентаки е жариштето на заразата во Индијана.
Гувернерот Мајк Пенс на 26 март воведе итни здравствени мерки за ограничување на поделбата на игли меѓу наркомани за да се спречи ширење на инфекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Монструм од Италија осуден на 24 години затворска казна-намерно заразил триесетина жени со ХИВ вирус
-
Оваа невеста легна на подот среде венчавка: Кога ќе го видите младоженецот, се ќе ви биде јасно!
-
Го заразил сина си со ХИВ за да не плаќа алиментација
-
ЛА Лејкерс сериозно се засилува за следната сезона?!