Приходите на Барак Обама и неговата сопруга Мишел за 2014 година се 477.383 долари, се вели во соопштение од прес службата на Белата куќа. Данокот врз приходите е 93.362 долари.
Околу 14 отсто од средствата добиени лани (70.720 долари) Барак и Мишел ги донирале на 33 различни хуманитарни организации.
Приходите на семејството Обама се намалуваат – во 2013 година сумата им била 503.183 долари додека во 2012 година – 662.076 долари.
Во 2009 година Обама имал приходи од 5,5 милиони долари во кои се приходите од продажбата на негови книги како и од Нобеловата нагрда за мир.
Годшната плата на Обама е 400.000 долари. Потпретседателот Џо Бајден и сопругата Џил имаа приходи од 388.844 долари за минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.