| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Уште е непознат мотивот за убиството во Тетово

полиција

Мотивите за тешкиот вооружен инцидент, што во петокот доцна вечерта се случи во едно кафуле во Тетово, во кој едно лица загина, а 10 се ранети или повредени, сѐ уште се непознати, јави „Макфакс“.

Полицијата има еден осомничен за пукањето, кој бил непосреден учесник во инцидентот и дека по истиот интензивно се трага.Според податоците А.А. се здобил со смртни повреди од огнено оружје во стомакот и градниот кош. Тој им подлегнал на повредите на пат за скопските болници и по наредба на јавен обвинител врз неговото тело ќе се изврши обдукција. Уште шест други лица кои се наоѓале во објектот, на возраст од 20 до 25 години, задобиле повреди од огнено оружје најмногу во долните екстремитети. Поради сериозноста четири од нив  биле пренесени на скопските клиники, додека останатите две биле задржани на лекување во тетовската клиничка болница.

Други четири лица  завршиле со телесни повреди и откако биле  пренесени во тетовската болница по укажната помош биле пуштени на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top