Расправии поради девојка најверојатно се причините за инцидент во тетовското кафуле „Бар Код“ во кој едно лице а убиено, а четворица се повредени, раскажува тетовската чаршија.
Неофицијално, убиецот е од селото Боговиње. Убиениот и повредените се млади лица од албанска етничка припадност на возраст меѓу 20 и 25 години. Расправијата во кафулето почнала заради девојка, а продолжила надвор, по што едно лице чиј идентитет се уште не е познат, извадило пиштол и почнало да пука.
Во пукотниците погодени се 5 лица. Две лица имале посериозни повреди и префрлени се во Ургентниот центар во Скопје, каде едно од нив подлегна на повредите. Неофицијално, меѓу повредените, еден е син на познат лик од тетовското подземје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија