Дополнително се зголемија проблемите на тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола, во пресрет на четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите против Порто. Нов „пациент“ во „болницата“ на Баерн е одличниот дефанзивец Медхи Бенатија кој се повреди на куп натпреварот против Баер Леверкузен и ќе мора да отсуствува најмалку 15 дена како што стои во соопштението по лекарските прегледи.
– „Ситуацијата станува премногу сериозна, но ќе настојуваме да славиме на сите натпревари со оние играчи што ги имаме на располагање – порача Гвардиола.
Покрај Бенатија сигурно кои нема да настапат на првиот натпревар против Порто се уште и Робен, Рибери, Алаба и Швајнштајгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.