| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Словенија- Премиерот бара, министерот за одбрана не си оди, откако нелегално шпионирал

_cerar_veberСловенечките парламентарци расправата за смена на министерот за одбрана Јанко Вебер ја продолжуваат зад затворени врати, откако беше најавено откривање на документ со кој дополнително го обременува Вебер. смена на министерот побара премиерот Миро Церар, откако Јанко Вебер, одби да даде оставка заради аферата во  која се сомничи дека преку воената разузнавачка служба се обидел да ја спречи продажбата на „Телеком Словенија“ и на тој начин ги пречекорил своите овластувања. Министерот Вебер е член на на коалициските социјалдемократи.

Церар и Вебер во своите воведни излагања понудија сосема спротивни толкувања за тоа како вооошто се дојде до нивните несогласувања.

Церар бара заминување на Вебер, бидејќи постојат основани сомнежи дека тој во изработката на анализата за можните негативни последици од продажбата на националниот телеоператер незаконски ја ангажирал разузнавачката служба на Министерството за обрана, која воопшто не смее да се занимава со разузнавачки задачи на тлото на Словенија, дека за тоа не го информирал како премиер и дека откако аферата стигнала во јавноста, не успеал да даде никакви уверливи топлкувања за тоа дека продажбата значи загрозување на националниот систем за обрана, како што Вебер сега тврди.

Одговарајќи му на премиерот, Вебер во нагласено драматичниот настап кажа дека делувањето е законско и „државотворно“ кога Владата и Церар се обидел да ги предупреди на негативните последици од можната продажба на „Телеком Словенија“, за кој главниот заинтересиран купувач е германскиот  „Дојче Телеком“, бидејќи тој претставува инфраструктурен крстопат врз кој во своите комуникации се потпира Министерството за обрана и војската, системот за спасување од природни катастрофи, но е битен и за функционирање на целата држава во воена состојба.

Со позициите на Вебер засега се согласуваат само неговите социјалдемократи, но словенечките аналитичари оценуваат дека има мала можност тие да излезат од Владата при веројатното разрешувањето на Вебер од функцијата.

„Телеком Словенија“, чија вредност на Љубљанската берза во моментов изнесува речиси 700 милиони евра, пред две години, во време на Владата на Аленка Братушек, беше ставен на листата од 15 претпријатија и банки во државна сопственост што треба да се продадат, односно да се приватизираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top