| четврток, 6 декември 2018 |

Англија и Норвешка ќе доигруваат 18 секунди

fudbalkiЖенските младински фудбалски репрезентации на Англија и Норвешка ќе одиграат повторен натпревар поради судиска грешка, но интересно е што мечот ќе почне од 96. минута и ќе се играат само последните 18 секунди.
При резултат 2:1 за Норвежанките, на Англија и бил поништен гол од пенал и досуден индиректен удар за Норвешка.

Натпреварот ќе почне во 21:45 часот во Белфаст и тоа со повторување на пеналот.

Дуелот ќе го суди друг делител на правдата, а претходниот, судиката Марија Куртеш од Германија е суспендирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top