Вчера во креираните материјали од Битола, лидерот на битолските социјалдемократи Васко Ковачевски со намера да претстави дека власта направила упад во лустрацијата преку свое влијание, објави наводен разговор помеѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и премиерот Никола Груевски за заклучок кој се однесува за Комисијата за лустрација.
– Ќе слушнете како заклучокот на претседателот на Комисијата за лустрација, битолчанецот Томе Аџиев, се усогласувал со Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на Никола Груевски – изјави Ковачевски.
Ова беше клучниот аргумент дека власта вршела упад во процесот на лустрација. Но, ниту беше објавен разговор со Протоѓер, ниту заклучокот кој се спомнува во разговорот меѓу Груевски и Јанкулоска има каква било политичка или извесна спорна конотација.
Имено, вистината е дека станува збор за заклучок до кој дојдовме, а со кој Владата со одлука од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) одзема и дава простории за користење на Комисијата за верификација на фактите за да може Комисијата непречено да работи.
Се работи за легална одлука на Влада која воопшто не е тајна и е објавена во Службен весник уште во 2009 година, потпишана токму од Груевски. Ова значи дека она што СДСМ сака да го прикаже како притисок, всушност е легална и легитимна одлука на Влада.
Ова е уште еден доказ како СДСМ очигледно лаже и става во одреден манипулативен контекст работи кои му одговараат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.