Го пушти ли СДСМ актуелниот лидер Зоран Заев низ вода?! Го намести ли струмичкиот градоначалник да заврши работа за партијата за други потоа да стапат на сцена, а тој да заглави во законите?! Кандидатот за претседател на Македонија што беше предложен од СДСМ, Стево Пендаровски, не ја сокри својата намера да биде иден премиер доколку СДСМ дојде на власт.
Во интервју за „Топ-тема“ на ТВ „Телма“, одговарајќи дали ова што се случува сега на политичката сцена ќе ја уназади или унапреди евроинтеграциската аспирација на Македонија, тој изјави:
– И јас да ја преземам одговорноста утре-задутре за тоа одење кон нормален свет или некој друг од оваа структура во која сум јас сега, на првиот ден од мандатот…
Натаму во интервјуто тој зборува и за тоа како би изгледале седниците на Влада во која би влегле и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи:
-Како на седница на Влада ќе се разберам со тие пет луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.
И премиерот Никола Груевски во едно свое обраќање на народните трибини кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира посочи дека Заев е пуштен низ вода. Тој изјави:
Можам да замислам, како што се збори дека неодамна се виделе на подолго со Бранко Црвенковски, што Бранко му рекол:
-Му рекол, слушај Зоки, да ти кажам прво алал да ти е, многу си јак, и многу храбар мајката, вакви како тебе ретко има, вакви работи да прават, вака силни типови, со боринче ги баравме по цело СДСМ сите овие години, ама еве ти алал да ти е, многу храбро… Туку, види, продолжил Бранко, ти голема работа заврши, за сите, ние нема да заборавиме тоа, се прослави многу, знаеш, во цел регион, еве ми се јавуваат од разни околни држави, и ми викаат браво за Заев, вакво нешто во цел регион на никого не му текнало….значи браво…ама добро е сега пошто знаеш дека ти не можеш да победиш, ако може да дојде некој посвеж, знаеш, да си ја проба среќата…ама тебе ќе те памтиме кога ќе дојде денот и не те оставаме на цедило, ако треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)