Адвокатот на второосомничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, со вчерашната изјава практично ја призна вината на неговиот клиент. Адвокатот Ангеле Илиевски во име на својот клиент изјави дека вината била кај Министерството за внатрешни работи, односно во системот кој не бил доволно обезбеден.
– Го објасни целокупниот систем на безбедност, како функционира и како треба да функционира и каде е грешката. Објасни дека не е грешката кај него, туку што МВР не си обезбедува комплетна заштита – изјави вчера адвокатот Илиевски.
Изјавата на адвокатот на Верушевски е скандалозна и дава одговор на повеќе прашања. Првоосомничениот Верушевски ја забетонира целата вистина на сценариото на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Експертите сметаат дека ова може да се земе како трето по ред признание за случајот, по признанието на петто и шесто осомничените во случајот кои пред јавниот обвинител ја признаа вината и го објаснија целото дејствување за случајот.
Признанието на Верушевски е уште една потврда дека странски центри во соработка со агентурни мрежи во земјава вршеле прислушување на државниот врв. Изминатиот период од презентираните материјали на СДСМ, стана јасно дека цел на прислушувањето биле луѓе од државниот врв што е уште една потврда дека премиерот Никола Груевски и директорот на ДБК Сашо Мијалков не прислушувале.
Имено, и според признанијата на самиот Заев, меѓу него и Верушевски постоела исклучително блиска соработка. Според изјавите на Заев дадени при гостувањето на една телевизија, поради блиската соработка, тој му средувал на Верушевски и семејството да заминат од Македонија.
– Тоа е за работна виза, за да замине во странство, за да може да оди повеќе од три месеци, оти нема примено плата со месеци. Жално е, вината му е што ја сакал својата земја како за четвртина Македонија заедно. Значи, станува збор за луѓе кои сакаат да помогнат да замине во странство и да работи. Да издадат работна виза за Верушевски со семејството да замине за да ја зачува слободата – посочува Заев во емисијата.
Ваквата изјава докажува дека тоа било соработка за спроведување на сценариото чијашто цел е дестабилизација на Македонија, создавање криза и раздор во македонското национално ткиво, но и уривање на системот. По ова комплетно е разобличено сценариото со кое Верушевски и Заев во соработка со странски центри сакаат да ѝ нанесат штета на Македонија за што постојат цврсти и непобитни докази, како и признанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.