РАТКО ДИМИТРОВСКИ
Актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Кочани вети дека ќе го покрие отворениот базен и ќе отвори ватерполо-центар.
АЛЕКСАНДАР ПАНОВ
Актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци вети дека ќе бидат изградени 10 нови парка со направи за вежбање.
ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ
Кандидатот за градоначалник на Прилеп од „Сојузот на иднината“ вети по 100 евра донација од општинскиот буџет за секој новосклучен брак.
ЈАГНУЛА КУНОВСКА
Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе се одбележува ден на бардовската зелка.
ЗОРАН ЗАЕВ
Кандидатот за градоначалник на Струмица од „Сојузот за иднината“ вети дека на местото Цареви Кули ќе гради голф-игралиште и зоолошка градина.
ВАСИЛ ПИШЕВ
Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, вети дека за децата ќе организира бесплатен престој во игротека од 16 до 18 часот.
АЦЕ КОЦЕВСКИ
Кандидатот за градоначалник на Велес од „Сојузот за иднината“ вели дека жителите на Превалец биле сиромашни и секој ден оделе пеш и затоа тој ќе им направел тротоар.
ЈАНИ МАКРАДУЛИ
Кандидатот на „Сојузот за иднината“, Јани Макрадули, рече дека во Скопје ќе го урне ѕидот на тишината и ќе отвори центар за изучување на јазикот на лицата со оштетен говор и слух.
СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ
Кандидатот за градоначалник на Карпош од Српската напредна странка, Стевче Јакимовски, вети бесплатни ужинки, екскурзии и бесплатен престој во градинките.
АНДРЕЈ ПЕТРОВ
Кандидатот на опозицијата за Карпош вети изградба на рекреативен парк за коњички спортови, со манеж, во кој ќе се спроведува и терапија за лица со посебни потреби.
Извор: „Утрински весник“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС за време на изборите ветуваа брда и долини за студентите, а сега кратат 155 милиони денари планирани за студентски домови
-
Во Кочани се гради само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт
-
Економски ветувања што се исполнуваат- ќе паднат цените, ќе се модернизираат патиштата и железницата
-
По 80 години се асфалтира патот Струга – Калишта – Радожда