| четврток, 6 декември 2018 |

Потера на „алфите“ по престапник низ Аеродром

Специјалната полициска единица „Алфи“ по долга потера вчера околу 3 часот, го приведе 37-годишниот Р.Д., кој по претходна редовна контрола од страна на сообраќајна полиција на бул.„Србија“, се обидел да прегази неколку полицајци.

Приведениот, кој управувал товарно возило марка „рено мастер“, не застанал на даден полициски сигнал за запирање, се обидел да ги прегази  полициските службеници од полициската патрола, по што избегал во правец на ул.„Тодор Чангов“, без да одговори на светлосните и звучни полициски сигнали за запирање.

По преземените мерки, тој бил пресретнат на бул. „АСНОМ“,  каде запрел со возилото, но кога припадник на единицата „Алфа“ се упатил кон неговото возило, тој го запалил возилото, се обидел да го прегази полицискиот службеник по што го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки, од страна на единицата за прв одговор „Алфа“ истиот е пресретнат по што давал активен отпор, но бил совладан, по што е приведен во ПС „Кисела Вода“.

По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.      

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top