По само 62 дена откако ја официјализираа својата врска со мала церемонија во Лос Анџелес, магазинот „Ин тач“ (In Touch) ексклузивно дознава дека холивудската ѕвезда Џони Деп и Амбер Херд се пред развод.
– Тие едвај прават муабет – рекол извор близок на холивудската двојка.
Според истиот извор, љубовтана на Деп кон алкохолот, како и неговите пропаднати ветувања дека ќе престане да пие, го ставиле бракот на ризик.
– Амбер постојано е загрижена за него. Поминуваат денови без тој да ѝ се јави или да пише – рекол изворот.
Амбер, која во моментов е во Лондон каде што го снима филмот „Данка“, упатила неколку жестоки повици до сетот на новото продолжение на „Пиратите од Карибите“ барајќи го Деп, меѓутоа, разговорите, главно, се завршувале со караница, открил изворот.
– Џони не престанува да се забавува, што е причина за жестоките караници со Амбер. Поминуваат низ тежок период – пишува „Ин тач“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.