| четврток, 6 декември 2018 |

Јована Марковиќ, модна дизајнерка: Се­ко­гаш на­о­ѓам инс­пи­ра­ци­ја во умет­но­ста

Прв­пат на Мо­ден ви­кенд во Скоп­је беа пре­зен­ти­ра­ни и мо­де­ли­те на ед­на од нај­та­лен­ти­ра­ни­те мла­ди срп­ски ди­зај­нер­ки, Јо­ва­на Мар­ко­виќ, ко­ја освен во Ср­би­ја сво­и­те кре­а­ции ги про­да­ва и во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и во Мос­ква

10981798_745063818924335_1317205538225451592_n

Про­лет­ни­от Мо­ден ви­кенд во Скоп­је заврши во неделата, а првпат беа пре­зен­ти­ра­ни мо­де­ли­те на ед­на од нај­та­лен­ти­ра­ни­те мла­ди срп­ски ди­зај­нер­ки, Јо­ва­на Мар­ко­виќ, ко­ја, освен во Ср­би­ја, сво­и­те кре­а­ции ги про­да­ва и во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и во Мос­ква. „Република“ разговараше со Марковиќ пред гостувањето во Скопје.

11133733_745063772257673_212069613175287130_n

Да­ли прв­пат до­а­ѓа­те во Ма­ке­до­ни­ја и го­сту­ва­те на Мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је? Што ќе ѝ по­ну­ди­те на ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка?

МАРКОВИЌ: Ова ми е пр­ва по­се­та на Ма­ке­до­ни­ја и мно­гу се ра­ду­вам што по­во­дот е го­сту­ва­ње­то на Мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је. Се на­де­вам де­ка на пуб­ли­ка­та ќе ѝ се до­пад­не мо­ја­та но­ва ко­лек­ци­ја за зи­ма 2016 го­ди­на.

Да­ли сте за­поз­на­е­ни со ра­бо­та­та на не­кои ма­ке­дон­ски ди­зај­не­ри?

МАРКОВИЌ: За жал, не сум мно­гу за­поз­на­е­на со ма­ке­дон­ска­та мод­на сце­на. Ќе ми би­де мно­гу дра­го овој пат да ја ви­дам ра­бо­та­та на ма­ке­дон­ски­те ди­зај­не­ри и се на­де­вам де­ка ќе се за­поз­на­ам со не­кои од нив.

603758_745063752257675_5692172185073478853_n

Кое пар­че об­ле­ка е нај­ка­ра­кте­ри­стич­но за Ва­ши­от ди­зајн?

МАРКОВИЌ: Не­мам одре­де­но пар­че об­ле­ка што ја опи­шу­ва мо­ја­та ра­бо­та со еден збор. Мо­же да се ка­же де­ка си­те мои ко­лек­ции ги по­вр­зу­ва ед­на чи­ста и суп­тил­на ар­хи­те­ктон­ска фор­ма, ком­би­на­ци­ја од ма­те­ри­ја­ли, ка­ко и игра со про­ѕир­но­ста.

Кои дру­ги об­ла­сти од умет­но­ста Ве инс­пи­ри­ра­ат?

10952359_745063608924356_4365872699279185761_n

МАРКОВИЌ: Се­ко­гаш на­о­ѓам инс­пи­ра­ци­ја во умет­но­ста, без раз­ли­ка да­ли е тоа филм, му­зи­ка или сли­карс­тво.

Ка­де се гле­да­те се­бе­си во ид­ни­на­та?

МАРКОВИЌ: Се­ко­гаш ќе теж­не­ам кон нај­го­ле­ми­от ус­пех, но ќе ви­ди­ме што ќе до­не­се ид­ни­на­та.

11088243_745063588924358_3376162488057191862_n

Освен во Бел­град, Ва­ши­те ко­лек­ции се про­да­ва­ат и во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и во Мос­ква. Кол­ку сте за­до­вол­ни и да­ли пла­ни­ра­те да го про­ши­ри­те па­за­рот?

МАРКОВИЌ: Мо­ја­та гар­де­ро­ба е до­стап­на во све­тот бла­го­да­ре­ние на ин­тер­нет-пор­та­лот „Нот џаст а лебл“ (Not Just A Label). Мо­мент­но под­го­тву­вам го­ле­мо шоу во Ви­чен­ца, Ита­ли­ја, кое тре­ба да се слу­чи во мај. Исто та­ка, имам пла­но­ви сво­и­те ко­лек­ции да ги пре­фр­лам во из­лож­бе­ни­те са­ло­ни низ све­тот.

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top