| четврток, 6 декември 2018 |

Русин сака да му ја пресадат главата на ново тело

7819697105525600f7d8ff206927144_orig

Валериј Спиридонов од Русија се надева дека следната година би можел да добие ново тело. Тој доброволно се пријавил да биде првиот пациент на кого контроверзниот италијански хирург Серџо Канаверо ќе му изврши трансплантанција на главата.

Русинот, кој боледува од Вердинг-Хофманова болест поради која му атрофираат мускулите и е прикован на количка, вели дека неговата одлука е конечна.

– Не планирам да се премислам – изјави тој за весникот „Дејли мејл“.

Спиридонов вели дека сака да ја искористи шансата да има ново тело. Состојбата му е тешка, а трансплантанцијата му е единствена надеж.

– Дали ми е страв. Се разбира. Не е страшно, може да биде многу интересно – изјави момчето кое вели дека нема многу опции.

Тој смета дека ако не се обиде, неговата судбина ќе биде многу тажна.

– Секоја година мојата состојба е сѐ полоша – додаде тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top