| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите предупредуваат: Следува температурен шок опасен по здравјето!

Хроничноболните на удар на драстичната температурна разлика. Викендот скопската Брза помош имала по околу 100 интервенции дневно. Најчесто лекарска помош барале граѓани со кардиоваскуларни проблеми.

– Викендот во просек имавме по 100 интервенции дневно. Најчесто станува збор за интервенции кај граѓани со кардиоваскуларни проблеми. Имаме и по 3-4 мозочни удари дневно, што е вообичаено за овој период и не е алармантна бројка – изјави д-р Анита Димоска, раководител на Службата за итна медицинска помош за Здравство24.мк.

По најавите за нов темературен шок од среда со затоплување на времето, лекарите апелираат хроничните пациенти редовно да ја земаат терапијата и да се консултираат со матичните лекари.

– Може да се јават и за совет на телефонот 194 доколку состојбата е сериозна, ние веднаш ќе интервенираме, а лекарски совет може да добијат и на линијата на „Ало докторе“ – додаде д-р Димоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top