| четврток, 6 декември 2018 |

ГДОМ: Заев внесува страв и раздор во македонското национално ткиво

Иницијативата за поведување постапка со која од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе се бара одговорност поради велепредавство денеска ги доби првите потписи.

Граѓаните oд Автокоманда и од Кавадаци во колони чекаа да го дадат својот потпис на иницијативата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.  Потпишувањето ќе продолжи и денес во скопски Аеродром.

Граѓанското движење за одбрана на Македонија тргнувајќи од интересите на Република Македонија и сите нејзини граѓани се става во одбрана на нејзиниот углед, интегритет и достоинство и се спротивставува на секакви деградирачки дејствувања кои придонесуваат не само кон урнисување на достоинството и честа на македонските граѓани, туку и кон уривање на изградениот систем, се вели во соопштението на ГДОМ.

Во продолжение може да го прочитате интегралниот текст од граѓанската иницијатива на ГДОМ.

„Граѓанското движење за одбрана на Македонија остро се спротивставува на последниот во низата предавнички чинови кога лицето Зоран Заев одаде државна тајна со која направи повеќкратна штета на државата, го загрози безбедносниот систем, и предизвика изложување на ризик безбедносни структури чија задача е справување со најопасен криминал.

Зоран Заев освен предизвиканата штета за угледот на нашата држава, предизвика и компромитирање на угледот на останати држави, наши пријатели и поддржувачи. Зоран Заев со ова делување кое наликува на настаните пред и за време на 2001та година, се чини дека има намера да направи слабеење на безбедносните сили, и доведување на опасност од различни криминални и антидржавни елементи.

Со овој чекор, но и со сите претходно несомнено, прецизно и точно се докажува дека лицето Зоран Заев е извршител на мрачно сценарио креирано од други странски центри и агентурни мрежи. Целта на тоа сценарио се потврдува со секој настан на Заев, а тоа е внесување на страв, раздор во македонското национално ткиво, и рушење на системот на државата. Преку воспостување на акутна политичка и меѓуетничка криза, да се предизвика дестабилизација.

Поради сето ова ГДОМ и граѓаните на Македонија покренуваат граѓанска иницијатива до институциите за да разгледаат можностите за поведување на постапка за одговорност на Зоран Заев поради чин на велепредавство на државата.

Обединети околу стратешката цел зачувување на државата, нејзиниот углед и достоинство, непречено функционирање на системот се ставаме во одбрана на Уставот и државниот поредок на Република Македонија.

Зоран Заев мора да добие институционален одговор за неговото незаконско и антидржавно однесување.

Како граѓани на оваа држава  чуствуваме должност да застанеме во одбрана на нашата држава и да се спротивставиме на постојаните уцени и закани коишто се во функција на разнебитување на државата. Ова е јасен одговор против сите странски центри и нивните извршители.

Народот на Македонија ќе победи, народот ќе покаже поголема мудрост и капацитет и ќе ги казни оние што работат против нашата држава, прават поделби и спроведуваат мрачни сценарија.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top