Кошаркарот на НБА-тимот Индијана пејсерс, Крис Коупленд, е прободен со нож во инцидент пред еден њујоршки ноќен клуб, а во целиот хаос е упасен и македонскиот играч Перо Антиќ поради попречување на полицијата, јави „Јаху“.
Антиќ и неговиот соиграч од Атланта хоукс, Табо Сефолоша, наводно не ѝ дозволувале на полицијата да направи увид на местото на настанот, па биле притворени.
Уапсен е и напаѓачот на Коупленд, Шизој Блери, кој од непознати причини со нож го прободел НБА-кошаркарот и ја нападнал и неговата сопруга.
Нема информации дали Антиќ и Сефолоша завршиле во притвор или се пуштени по апсењето пред њујоршкиот ноќен клуб. И двајцата играа за Хоукс во рекордната 58. победа на тимот, а потоа со комплетната експедиција заминаа за Њујорк на меч против Бруклин нетс. Не се знае дали ноќеска ќе бидат во составот на „јастербите“ против Бруклин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Забивањето на Антиќ прогласено за потег на колото во АБА лигата (видео)



