| четврток, 6 декември 2018 |

Коупленд прободен со нож, Антиќ и Сефолоша уапсени поради попречување на полицијата

Кошаркарот на НБА-тимот Индијана пејсерс, Крис Коупленд, е прободен со нож во инцидент пред еден њујоршки ноќен клуб, а во целиот хаос е упасен и македонскиот играч Перо Антиќ поради попречување на полицијата, јави „Јаху“.

Антиќ и неговиот соиграч од Атланта хоукс, Табо Сефолоша, наводно не ѝ дозволувале на полицијата да направи увид на местото на настанот, па биле притворени.

Уапсен е и напаѓачот на Коупленд, Шизој Блери, кој од непознати причини со нож го прободел НБА-кошаркарот и ја нападнал и неговата сопруга.

Нема информации дали Антиќ и Сефолоша завршиле во притвор или се пуштени по апсењето пред њујоршкиот ноќен клуб. И двајцата играа за Хоукс во рекордната 58. победа на тимот, а потоа со комплетната експедиција заминаа за Њујорк на меч против Бруклин нетс. Не се знае дали ноќеска ќе бидат во составот на „јастербите“ против Бруклин.

pero antic

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top