| четврток, 6 декември 2018 |

За граѓаните од социјален ризик ќе се градат 120 нови станови

стан

-25 стана со вкупна површина од 1.059 квадратни метри во Демир Хисар, 18 станови со површина од 695 квадратни метри и 76 станови со вкупна површина од 3.221 квадратен метар во Прилеп ќе им бидат на располагање во следните неколку месеци на граѓаните од социјален ризик – изјави за „Индекс“ на „Радио Слободна Македонија“, директорот на претпријатието Цветко Грозданов.

Досега на овој начин згрижени се 1.700 семејства. Во иднина акционерското друштво планира изградба на социјални станови и во Македонски Брод, таму планот е 10 станови со вкупна површина од 422 метри квадратни. Станбена зграда со социјални станови предвидена е и во Гостивар на површина од 2.883 квадратни метри, односно 70 станови и во Кочани ќе се градат 43 станови на површина од 1.685 квадратни метри.

Проценките се дека изградбата на овие станови ќе биде завршена кон крајот на 2016 година.

За овие и становите кои се веќе изградени во Демир Хисар, Ресен и Прилеп процедурата за доделување се подготвува во надлежното министерство.

-Она на што ќе работиме во идниот период е и изградба на административна зграда на претпријатието на локација близу новата зграда на министерството за надворешни работи. Во однос на комерцијалните станови ќе градиме објекти на две локации во општина Карпош и на една локација во Центар кај старата воена пекара. Она што е важно да се спомене е дека на моменталната локација каде се наоѓа претпријатието, на местото на сегашните бараки заедно со инеститор ќе градиме две згради со енормно висок квалитет – вели Грозданов за Индекс.

Пред две недели премиерот Груевски на народниот собир во Штип најави изградба на нови социјални станови.

-Во овој регион во Штип досега изградивме и предадовме на семејствата 91 социјален стан и опремивме 40 стана за деца без родители, а во Берово изграден е 51 социјален стан. Оваа година планираме да се започне со изградба на нови социјални станови во овој регион, и тоа во 48 стана во Пробиштип, 39 во Виница, во Пехчево 34, во Свети Николе 54 и во Кочани 43 стана. Тоа е нашата борба за секое семејство.  Во овој регион се легализирани и над 16 000 дивоградби од кои над 6500 само во Штип – истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top