| четврток, 6 декември 2018 |

„Мекдоналдс“ го претстави својот најголем хамбургер

mcdonalds

Синџирот за брза храна „Мекдоналдс“ го претстави својот најголем хамбургер во менито. Тој ќе биде поголем од  „Quarter Pounder“. Името на новиот хамбургер е „Sirloin Third Pounder“ и ќе тежи околу 30 грама повеќе од  досегашниот најголем сендвич на компанијата.

211(21)

Цената на новиот сендвич ќе биде 4.99 долари во повеќето од рестораните во светот, а понудата ќе биде на ограничено време.

Хамбургерот содржи телешко месо, домат, сланина и сирење. Новиот сендвич е најголемиот понуден во менито на „Мекдоналдс“ од 2013 година, кога компанијата се откажа од „Angus Third Pounders“, четири години по неговото претставување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top