| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Стефановски ќе пишува музика за „Мекиците од Стража“

Гитарскиот виртуоз Влатко Стефаноски ќе напише музика за „Мекиците од Стража“, планинскиот превој меѓу Скопје и Охрид, кој е традиционално омилено место за одмор на патниците, пишува „Вест“.

Инспирација за музиката Стефановски нашол во македонските пејзажи на патот Скопје – Охрид.
– Многу ми е мило и се радувам кога ќе видам дека некој легендарен македонски производ нуди универзален, европски квалитет без никакви импровизации. Сметам дека овој концепт може да се носи рамо до рамо со светските синџири за храна – изјави Стефановски.
Музиката планираме да ја користиме како подлога и за неколку видеоспотови преку кои ќе ја прикажеме убавината на нашата земја, велат угостителите од Стража.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top