| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали автомобил во движење во Кавадарци

Во новиот центар на Кавадарци синоќа се запалил автомобил „застава 101“ во движење. Како што информира територијалната противпожарна единица, повредени нема, а екипите кои пристигнале веднаш по повикот, успеале да го изгаснат огнот.

Оштетени се делови околу моторот на возилото и предната внатрешна страна. ­

– Добивме повик за запален автомобил и отидовме на новиот кружен тек во градот најбрзо што можеме. Таму се случуваше вистинска драма. Возачот гледал да ги спаси двете деца и сопругата, па кога видел дека избил пожар, најбрзо што можел ги извадил од автомобилот и сите застанале на пристојна далечина, гледајќи како гори возилото – соопштија од противпожарната единица.

Интервенирано било со едно возило и со двајца пожарникари.

– Ако возилото вреди околу 500 евра со оглед на тоа што е постаро, тогаш, според првичните процени, штетата е околу 200 евра. Најважно е сепак, што никој не е повреден – нагласија од противпожарната служба со апел возачите да внимаваат, особено ако нивните автомобили користат гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top