Во новиот видеоспот на Сузана Гавазова се искористени снимки од нејзината свадбена веселба, а покрај неа, во видеото се појавуваат и нејзиниот сопруг Јасмин и нивната ќеркичка Емили.
Во видеото за „Празник е љубовта“, кое беше промовирано денес, струмичката фолкерка го покажа и трудничкото стомаче. Иако нивната прва ќерка се роди пред точно една година, таа ќе се породи летово.
– Сакав побрзо да ги родам децата, планираме да имаме три. Набрзина да ги израснам, па да има време да се вратам и повторно да се посветам на кариерата – изјави таа пред неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)