| четврток, 6 декември 2018 |

Креацијата на Есма за „Евровизија“ во боите на Македонија

Eвровизиската песна, конечно, е готова. Музиката и аранжманот се на Дарко Димитров и на Лазар Цветковски, а за делот на Есма бил задолжен Симеон Aтансов. За текстот покрај пејачката Елена Ристеска, доплнително била ангажирана и Магдалена Цветсковска.
Како шо известува дневниот весник „Вест“, евровизиските претставници напорно се подотвуваат да ја освојат сцената во Малме, Шведска. Покрај постојаните проби за нивниот официјален настан, тука се и подготовките за нивниот изглед… Изборот за гардеробата падна на модната куќа „Елена Лука“. Креацијата со која Есма ќе се појави на сцената во Малме на 16 мај ќе биде во боите на Македонија. За Реџепова дознавме, но за Лозановски сѐ уште не. Според извори на „Вест“, за изгледот на младиот пејач сѐ уште биле во преговори.
– Моделот и фустанот ќе бидат во мој стил, долг и раскошен. Но, сакам да бидам облечена во боите на Македонија. Сепак, сѐ уште има време да се види како сето тоа ќе биде искомбинирано, заедно со Влатко – изјавила Есма за дневниот весник „Вест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top