Македонската фолкерка Анета Наковска неодамна се врати од турнеја во Америка, каде наводно лудо се вљубила во некој нашинец, пишува „Вечер“.
Според чаршиските муабети, Наковска наскоро ќе му рече „да“ на нејзиното ново момче. Веќе на големо прават и подготовки за свадбената веселба која треба да се случи наскоро.
Дека навистина постои некој во нејзиниот живот, потврдуваат и пријателите на фолкерката, кои велат дека никогаш не била посреќна во животот и дека им открила оти конечно и се посреќило во љубовта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.