Сеуште ништо не е официјално околу купопродажбата на најтрофејниот италијански клуб во еврокуповите Милан, во очекување на промоција на новиот сопственик, се погласни се шпекулациите за новите играчи кои треба да го засилат гигантот од Милано.
Жонг Кингху е човекот кој се спомнуваше дека купил 75% од акциите на Милан за сума од 1,5 милијарди евра. Како што пренесуваат медиумите во Италија, новите сопственици планираат да доведат дури 12 врвни играчи од светски ранг, меѓу кои сега се шпекулира и со најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.
Сумата која се спомнува за откуп на Ројс изнесува околу 50 милиони евра, но сетоа ова изгледа нереално бидејќи Ројс потпиша нов договор со важност до 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)