Една од највлијателните пејачки не само во џезот, туку и во поп-музиката, жената која уште ја нарекуваат и кралица на блузот, Били Холидеј е родена на денешен ден пред точно еден век во Филаделфија.
Оваа американска џез-пејачка и текстописец, позната уште и по прекраот Леди Деј посебно е препознатлива по личниот и интимен начин на интерпретирање на песните.
Нејзините песни денеска се џез-класика. Освен свои, Холидеј снимаше и обработки на познати џез-песни на кои им додаваше и личен печат по кои подоцна тие станаа препознатливи. Такви се на пример „Easy Living” и „Strange Fruit”.
Нејзиниот тежок живот, обележан со дискриминација, зависност од дрога и алкохол и бројни љубовни афери се сметаат како еден вид предвесник на рокенрол начинот на живот. Го сними и филмот „New Orleans” и ја напиша автобиографијата „Дамата пее блуз“.
Последен настап имала на 25 мај 1959 година во Њујорк, а набрзо потоа завршува во болница поради проблеми со црниот дроб и срцето. Била толку голем зависник што полицијата морала да ѝ ја одземе дрогата дури и кога била на смртна постела. Починала на 17 јуни 1959 година и во моментот на смртта имала само 750 долари и 70 центи.
Една од најголемите современи џез-пејачки Касандра Вилсон денеска ќе го објави албумот „Coming Forth by Day“ кој во целост е посветен на Холидеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)