| четврток, 6 декември 2018 |

Милитантите на Боко Харам преоблечени во имами убиле 24 лица

боко

Исламските милитанти од Боко Харам преоблечени во имами убиле 24 лица и раниле уште неколку други во напад во близина на џамија во североисточната нигериска држава Борно, соопштија денеска воени извори и сведоци.

Како што пренесува агенцијата ФЕНА, напаѓачите вчеравечер со автомобили се довезле во оддалеченото село Књајафа и во локалната џамија го собрале локалноот население, претварајќи се дека се проповедници на исламот.

-Потоа, одеднаш тие отворија оган врз нив- соопшти сведокот Симеон Буба.

Шестгодишниот бунт на оваа милитантна група и неуспехот на претседателот Гудлак Џонатан да го спречи и да ги заштити цивилите се меѓу факторите кои доведоа до победата на опозицискиот кандидат Мухамад Бухари на минатонеделните избори.

Групата која се бори за исламска држава досега има убиено повеќе илјади лица и има грабнато стотици други, иако воената операција против нив, што ја водат Нигерија и соседите Чад, Камерун и Нигер, им нанесе жестоки удари на овие милитанти.

– Луѓето не знаеле дека членови на Боко Харам се дојдени во селото за да ги нападнат бидејќи претходно  ги излажале дека се дојдени да проповедаат. Отвориле оган врз нив и притоа убиле многу луѓе -изјави Буба телефонски, додавајќи дека милитантите запалиле и многу куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top