| четврток, 6 декември 2018 |

Саркози прелиминарно обвинет за искористување милијардерка

Sarkozy grilled over campaign donations

За поранешниот француски претседател Никола Саркози е покренато прелиминарно обвинение за т.н. афера Бетанкур, соопштија судски извори, истакнувајќи дека тој е осомничен дека злоупотребил ранливо лице.

Саркози е обвинет за злоупотреба на најбогатата жена во Франција, Лилијан Бетанкур, јави дописникот на МИА од Париз.

По вчерашното соочување кај истражниот судија во Бордо, меѓу Никола Саркози и послугата на француската милјардерка, поранешниот француски претседател излезе од судот со обвинение за злоупотреба на слабост.

Имено, послугата на Бетанкур го обвини Никола Саркози и неговиот близок соработник Ерок Верт дека од старата милијардерка добивал пари во готово за финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година, кои потоа не биле пријавени во сметките.

Проблемот е што во тој период Лилијан Бетанкур, според процените на медицинските експерти, не располагала со сите нејзини ментални капацитети. Името на Никола Саркози се споменува во уште две други судски истраги, таа што се води за арбитражното исплаќање на оштета на Бернар Тапи во висина од околу 400 милиони евра во спорното продавање на „Адидас“ од банката „Креди Лионем“, како и во недозволеното финансирање на предизборната кампања на Едуар Баладур во 1995 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top