| четврток, 6 декември 2018 |

„Вечер“: СДСМ правел голем пазар за Хашките случаи?!

војна

2011-та година-Тензична атмосфера и во и надвор од собраниската сала за време на расправа за предлогот за автентично толкување на Законот за амнестија. Додека пратениците од власта и опозицијата се обвинуваа за тоа кој е поголем патриот и кој тргува со човечки судбини, претставници на здружението за разрешување на случаите со исчезнатите од конфликтот во 2001 година Надеж” побараа средба со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, и да им се овозможи седницата да ја следат од галеријата за гости во собраниската сала. Тие не беа расположени за изјави и кусо порачаа: Дојдовме да му честитаме на Груевски за Законот”.

Оваа вест ја има објавено дневниот весник „Вечер“ уште на 19-ти јули 2011-та година. Во истата детално се образложува процесот и се обелоденува вжештената атмосфера за време на собраниската дебата за законот за амнестија.

Ја пренесуваме во целост веста на „Вечер“ објавена во 2011-та:

Од Кабинетот на Вељановски рекле дека до нив не стигнало никакво официјално барање за прием и дека дури и да се случи тоа, за прием или следење на седницата од галеријата постои процедура.

Наспроти ова, претставниците на здружението биле примени од пратениците на СДСМ. Социјалдемократите им ветиле дека и натаму со сите политички средства ќе бараат од Вељановски да им овозможи присуство на седницата. Роднините на дванаесетте киднапирани од Непроштено се револтирани, бидејќи, како што велат, не се исполниле ветувањата дека четирите случаи кои Хашкиот трибунал ги врати во Македонија, ќе се решат во судот.

Претходно Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ образложувајќи ја потребата од автентично толкување на Законот за амнестија, рече дека во сите земји од регионот преовладува мислењето дека треба да им се стави крај на конфликтите од минатото.
– Сите држави од поранешна Југославија констатираа дека треба да се стави крај на конфликтите. Време е да се помират страните. Заинтересирани сме ова прашање да се разреши за да се посветиме на она што е важно за Македонија, а тоа е економијата. Во 2008 година не можеше да се изврши автентичното толкување, бидејќи не постоеја деловнички можности – рече Дулиќ.

Игор Ивановски од СДСМ возврати дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со нивниот политички пазар.

– Бевме сведоци на политички пазар заради фотелји, тендери и мир во владината коалиција. Вие тргувате со човечки судбини. Влегувате во филм против човештвото за да направите уште едно злосторство преку амнестирање. Сакате со политички инструмент да ги избришете злосторствата – рече Ивановски.

Џеват Адеми од ДУИ, пак, ги потсети пратениците од СДСМ дека и во периодот кога тие биле на власт, на партијата на Али Ахмети и нуделе најразлични варијанти за затворање на ова прашање.

– Каде е границата меѓу моралот и неморалот? Во 2002 година бев приведен, а во 2004 година бев заменик-министер. Бевме во коалиција и имавме коректна соработка, а во вашите очи денеска сум убиец. Доколку СДСМ правеше Влада, ќе дадевте многу повеќе. Знам што ни говоревте и мене и на Али Ахмети – рече Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top