| четврток, 6 декември 2018 |

Босанец го трогна светот: Си одам за два дена, сакам само да ѝ кажам дека ја сакам

11059448_938203236253777_7648864601283876993_n

Исповедта на Босанецот Дино Дедиќ на страницата „Humans of New York“ го обиколи светот.

Гохе е од Етиопија, а јас сум од Босна. Бевме заедно четири години. Се сретнавме како меѓународни студенти во Мисури, и се надевавме дека дајцата ќе најдеме работа после дипломирањето, така што би можеле да останеме заедно во Америка. Таа најде работа, но јас не. Пратив 150 или 200 апликации. Имав 35 интервјуа. На 4-5 од нив стигнав и до третиот круг, но мислам дека статусот на мојата виза секојпат ми ги уништуваше шансите. Не можам да ѝ речам да дојде со мене во Босна. Таму нема доволно можности за неа. Кога беше јасно дека ќе морам да се вратам назад, таа се иссели од нашиот стан за да ни биде полесно. Вчера бев во нејзиниот нов стан за да ѝ помогнам во фарбањето на некои рамки. Мислевме дека ќе биде забавен проект, но не можевме дури ни да се погледнеме еден меѓу друг, ниту пак да зборуваме. Си заминувам за Босна за два дена. Ако можам, сакам само да ѝ кажам дека ја сакам.

Постот е лајкуван над 360 илјади пати, а споделен е повеќе 16.000 пати. Судбината, во која многу Балканци ќе се препознаат, сепак, може и да се промени.

Откако страницата под фотографијата ја сподели неговата електронска пошта, многумина, кои можат на било кој начин да помогнат, веќе контактирале со Дедиќ. Меѓу оние кои ја понудија својата помош има луѓе кои му нудат работа, но и такви кои нудат решение за неговиот проблем со визата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top