| четврток, 6 декември 2018 |

Сириските екстремисти киднапираа 300 Курди

Борци на сириската исламистичка група Џебхат ан Нусра (Фронт на победата), која е тесноповрзана со Ал Каеда, киднапираа 300 Курди во североисточниот дел на северозападната провинција Идлиб, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми.

Заложниците со пет автобуси патувале од курдскиот регион Африк, западно од градот Алепо за Дамаск. Во реонот на селото Дана борци на Џебхат ан Нусра ги запреле автобусите, ги задржале само мажите, а жените и децата ги пуштиле.

Истовремено, друга сириска исламистичка група, Џаиш ал Муџахидин, и една провладина милиција чиешто име не се соопштува, размениле 25 жени и деца за еден командант, пренесоа британските медиуми.

Десетте жени и петнаесетте деца биле грабнати пред 1,5 година од шиитските градови во северната провинција Алепо. Тие биле префрлени од една бунтовничка група на друга. На крајот се нашле во рацете на Џаиш ал Муџахидин, која одлучила да ги искористи како паричка за поткусурување. Таа побарала од провладината милиција да го ослободи нејзиниот командант, кој бил заробен во август, во замена за слободата на жените и на децата.

Ваквата постапка е ретка појава во Сирија, забележуваат британските медиуми.

Посредник во размената биле курдски борци од групата „Ѕвона за народот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top