Гратчето со име Соненшиф лоцирано во близина на Фрајбург е првото населено место кое ќе нема потреба од електрична енергија произведена од традиционалните извори. Населеното место уште наречено, соларен град, ќе црпи соларна енергија од сончевите зраци преку „умните панели“ коишто постојано се насочени во правец на Сонцето.
Дизајниран е од Ролф Дишч, којшто на покривите на станбените згради поставил фотокелии кои максимално ја искоистуваат сончевата енергија преку мобилен систем којшто е ефикасен дури и кога сонцето заоѓа. Куќите на кои се поставени соларните панели се градени по системот „Пасивхаус“, односно тие дозволуваат производство на енергија четири пати повеќе од таа што ја трошат.
Овој вид куќи со одредено ниво на изолација може да се загреваат само со топлината производена од човековото тело.
За разлика од слични проекти во Перу и Бангладеш каде што биле воведени „зелени технологии“ за производство на електрична енергија за сиромашното население во Соненшиф нема други извори на електрична енергија освен соларна.
Педесет и двата дома во населеното место и другите комерцијални објекти ја користат сончевата енергија во комбинација со термалните услови за земјата под нив, а градени се во форма на „ѕид“ кој ополнително ја намалува потрошувачката на струја. Остатокот од 75 % од струјата што ја произведува овој проект влегува во германскиот систем за дистрибуција на електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.