Пари Сен Жермен скапо ја плати победата во дербито со Марсеј во меч од 31. коло во француското првенство. Со 3-2 популарните светци од Париз го победија големиот ривал и се вратија на првото место, но го загубија Давид Луиз, а патем се скараа ѕвездата од нападот Кавани со тренерот Блан.
Луиз се повреди во финишот на мечот, по што поради три измени ПСЖ играше со 10 фудбалери. Бразилецот веројатно нема да игра против Барселона на првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампионите. Тоа го потврди и медицинскиот тим на ПСЖ. Претходно имаше вербален дуел меѓу Кавани и Блан откако тренерот на ПСЖ одлучи да го замени уругвајскиот репрезентативец. Кавани нервозно реагираше, што фрли сенка на победата на парижани во Марсеј со 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.