| четврток, 6 декември 2018 |

Фидел Кастро во јавност првпат по 14 месеци

castro_2469933b

Поранешниот претседател на Куба, Фидел Кастро е виден првпат по 14 месеци во понеделникот, при средбата со група жители на Венецуела во едно училиште во Хавана, објавија денеска кубанските медиуми.

Откако ја напушти власта во 2006 година, поради здравствени прични, Фидел Кастро ретко се појавуваше во јавноста. Последен пат тоа беше на 8 јануари 2014 година, при отворањето на една уметничка галерија во Хавана.

Незабворавна средба со Фидел“, беше насловот во дневниот весник „Гранма“, по појавувањето на Кастро во јавноста, додека во текстот се опишува средбата „од еден час“ на 88-годишниот Кастро со 33 членови на делегацијата од Венецуела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top